Ќе има војна сезонава: Клоп индиректно го посочи Мурињо дека го уништил Салах во Челси

5673

Јирген Клоп не сакаше директно да го обвини Жозе Мурињо за тоа што на некој начин го упропастил Мохамед Салах во Челси, па тоа го стори на нешто подискретен начин.

Познато е дека по заминувањето на Мата од Челси во Јунајтед, на негово место на „Стемфорд Бриџ“ пристигна Мохамед Салах во трансфер вреден 11 милиони фунти, но тој немаше баш добри партии таму, по што се пресели во Серија А, да игра во Фиорентина.

Јирген Клоп открива како всушност го открил Салах дека е квалитетен играч да го носи дресот на некоја од неговите екипи.

Многу играчи покажаа дека е лесно да пропаднат во Челси, таков е случајот со Де Брујне. Единствено нешто што ми сметаше беше слабата форма на Салах во Челси. Игравме против него уште кога беше против Базел, и не го скениравме. Игравме против него со Дортмунд, и тогаш си реков „неверојатно“, мора да го добијам овој играч. Но тој веднаш потоа се пресели во Челси“.

Таму не успеа, па замина во Фиорентина, а подоцна и во Рома. Тој е брз играчи, во Серија А играше многу натпревари, создаваше шанси и креираше голови за своите соиграчи. Тој е лев шутер, што во мојата екипа и тоа како е потребен таков играч, па си рековме дека ни е потребен“, открива Јирген Клоп, за неговото најскапо засилување во Ливерпул, Мохамед Салах од 39 милиони фунти.

На ова веројатно ќе возврати и Жозе Мурињо, доколку во ова се препознае што го анализираше Јирген Клоп.