Ќе биде бурно на „Бернабе“: Реал го продава Бејл и тргнува по најголемата надеж на Јунајтед

2472

Трпението кај сите во Реал Мадрид е при крај и на крајот од сезоната Герет Бејл дефинитивно ќе биде ставен на продажба.

Нема да бидат прифатени никакви размени на играчи без разлика кој клуб ќе биде заинтересиран за неговиот потпис. Тоа е последна шанса за Бејл да се добие добра отштета бидејќи на Велшанецот му поминуваат годините, а постојано се мачи со повреди.

Со парите од него Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе Маркус Рашфорд иако многумина сметаат дека тоа е невозможна мисија. На Зидан му е потребен напаѓач, а Рашфорд може да игра на повеќе позиции.

Во случај Јунајтед да не се согласи, се спомнува размена во која на Олд Трафорд би заминал Марко Асенсио. Ако има можност, целата работа би се реализирала уште во јануари бидејќи Асенсио ионака не е во добри односи со Кристијано Роналдо.