Љубов која нема цена: Само еден град, само еден тим, само Пелистер, само Битола!!!

1205

Пелистер го совлада Еурофарм Работник во битолското дерби од македонското ракометно првенство.

Преполната сала “Младост” потсети на најубавите денови од битолскиот ракомет, се создаде неверојатна еуфорија која кулминираше по завршувањето на натпреварот.

Ракометарите на Пелистер со своите најверни навивачи ја прославија големата победа, а по натпреварот, грузискиот интернационалец во редовите на овој тим ја напиша најемотивната порака на ФБ.