Јусеин Болт се договори: Најбрзиот човек на светот започнува фудбалска кариера, веќе има и клуб!

2121

Јусеин Болт не крие дека сака да се испроба во фудбалот. Добива шанса од голем клуб, сега останува на него да се докаже.

Работите по се изгледа се договорени, Болт ќе пристигне на проба. Јамајканецот доби повик да си ја оствари желбата и тоа од Борусија Дортмунд.

„Пума“ е спонзор на „Милионерите“ и на славниот атлетичар и беше главен фактор во целата приказна. Претседателот на Дортмунд Јоаким Вацке ја прифати идејата, па Болт, веднаш штом се опорави од повредата, ќе пристигне на „Вестфален“.

Болт има 31 година, негов сон е да заигра за Манчестер Јунајтед, но шанса за пробив ќе добие меѓу „Милионерите“.

„Мојот сон е да играм фудбал и ќе се обидам да го остварам, гајле ми е што мислат луѓето. Секако, ако видам дека не ми оди и дека немам квалитет, нема да се бламирам“, вели Болт.

„Точно е, добив повик од Борусија Дортмунд, сега е важно само што е можно побрзо да се подготвам и да ја залечам повредата. Тогаш ќе пробам во Борусија, кој знае, важно е да пробам, па што биде нека биде“, додаде Болт.