Јунајтед ќе го има Златан за финалето во Лига Европа, но во друга форма

5462

Жозе Мурињо потврди дека групата на повредени играчи кои се служат со патерици последните неколку недели поради повреди, ќе бидат присутни во Стокхолм за финалето од Лига Европа.

Очигледно дека многу важни играчи за Јунајтед ќе отсуствуваат во финалето, но поради тимскиот дух на кој Мурињо инсистира, тој потврди дека сите повредени играчи ќе бидат дел од финалето, односно ќе бидат присутни на трибините.

Со ортопедски помагала, но Јанг, Шо и Златан ќе бидат со нас заедно. Имаме фантастична група на играчи, одличен тимски дух уште од почеток на сезоната. Досега имаме потрошено многу време на патувања низ хотели, отколку што сме биле дома. Имаме поминато 140 денови во хотели, и тоа е пред се поради тимскиот дух во нашата екипа“, истакна Мурињо.

Златан нема да им биде на располагање на Јунајтед барем до октомври, па останува дилемата дали Швеѓанецот ќе реши да остане уште една сезона во Јунајтед, или ќе реши да ја истурка рехабилитацијата до крај во Америка, а потоа да игра во некој од МЛС тимовите.

Финалето помеѓу Ајакс и Манчестер Јунајтед се игра на 24 мај, во среда, а домаќин ќе биде Стокхолм.

loading...