Јунајтед по секоја цена сака да го задржи на „Олд Трафорд“ – станува најплатен фудбалер во клубот

2949

Екипата на Манчестер Јунајтед е подготвена зимово да сруши уште еден клупски рекорд, но овојпат нема да купува.

Имено „црвените ѓаволи“ според „Сан“ се подготвени по секоја цена во тимот да го задржат голманот Давид Де Геа кој доколку ја прифати понудата ќе стана најплатен фудбалер од клубот на „Олд Трафрод“.

Шпанскиот чувар на мрежата според понудата би заработувал 300.000 фунти седмично со што би се изедначил со Погба кој сега ги има тие примања.