Јунајтед им го нуди Микитаријан плус пари за Санчез, но Арсенал посакува друг играч од „ѓаволите“

3221

Преговорите околу наводниот трансфер на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ добиваат се поголем интензитет деновиве.

Се шпекулира дека Санчез уште оваа зима би можел да замине од Арсенал и да се пресели во еден од клубовите од Манчестер, а уште е неизвесно каде ќе премине.

Голем дел од островот верува дека Пеп ќе биде клучниот сегмент поради кој Санчез ќе се реши за Сити, додека многумина сметаат дека Јунајтед со нивната понуда играч плус пари, Микитаријан плус 20 милиони евра, можат да ја добијат битката.

Но во целата оваа работа треба да се праша и Арсенал, а според натписите во британските весници, Арсенал повеќе би го преферирал Марсијал во своите редови отколку Микитаријан.

Но во Манчестер Јунајтед не ни размислуваат за таква опција, сметајки дека Марсијал е дел од развојниот план на клубот на патот кон освојување на прва титула по заминувањето на Фергусон.