Јунајтед доби две необични понуди за Ибрахимовиќ

1130

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ повторно се наоѓа надвор од теренот откако се опорави од тешката повреда на коленото.

Ибрахимовиќ дури седум месеци беше надвор од терените поради тешката повреда на лигаментите на коленото, но во ноември успешно се врати на тревникот. Меѓутоа, шведскиот напаѓач во последните неколку недели не беше во конкуренција за натпреварите бидејќи не е 100% подготвен.

Англиските медиуми во тоа си најдоа повод да шпекулираат дека Ибра ќе го напушти Јунајтед до крајот на овој месец, но Жозе Мурињо демантираше такво нешто. Сепак, како што пишува „Мирор“, на адреса на „Црвените ѓаволи“ пристигнале две понуди и тоа двете од Турција.

Имено, интерес за Ибрахимовиќ покажал Галатасарај кој сака да се обиде да ја доведе големата ѕвезда на „Турк Телеком“ стадионот. Но, проблем на Галата му прави градскиот ривал Бешикташ кој исто така го сака Ибрахимовиќ во своите редови. Бешикташ заработи 27 милиони фунти од продажбата на Џенк Тосун во Евертон и сака тие пари да ги искористи за да го доведе Ибрахимовиќ во своите редови.