Јувентус повторно грмеше на Олимпико – Лацио немаше шанси во Купот (Видео)

689

Фудбалерите на Јувентус вечерва го освоија Купот на Италија, натпревар одигран на Олимпико против Лацио. „Старата дама“ триумфираше со 2:0 и така го освоија првиот сезонски трофеј.

Јувентус уште од првата минута решително тргна кон голот на Лацијалите, и тоа на крајот им се исплати.

Во 12. минута капитулираше одбраната на Лацио, стрелец беше Дани Алвеш за почетнок водство. Десетина минути подоцна, Јувентус зголеми на 2:0 преку Леонардо Бонучи.

Лацио можеше да се врати во натпреварот само неколку минути подоцна, кога ударот на Имобиле беше блиску до стативата.

Во вториот дел Лацио фрли се на нападот со цел да ја намали предноста на Јувентус, но „Бјанконерите“ ги одбиваа нападите на Лацио, и на крајот се заслужни победници во италијанскиот Куп.

loading...