Јувентус на состанок – Раиола им носи квалитетно засилување од Франција

3258

Италијанските медиуми денеска пренесоа информација дека управата на Јувентус, оваа недела ќе имаат средба со Мино Раиола, за трансферот на Блес Матуиди од ПСЖ.

Со неколкуте трансфери ова лето во Пари Сен Жермен, јасно е дека и таму ќе има чистка на играчи кои не им се потребни, а еден од нив може да биде и Матуиди, тоа Јувентус добро го знае и сака да го искористи.

Јувентус не сака да се откаже од 30 годишниот играч, па сега постои информација дека дури и агентот на Матуиди бил контактиран и вклучен во преговорите.

Масимилијано Алегри гледа голем потенцијал во Матиуди, иако не е така млад, сепак, смета дека тој е играч кој може да придонесе многу за успешен Јувентус.

Договорот на ПСЖ со Матуиди истекува следното лето, и доколку „светците“ не сакаат да им замине без никакво обештетување, ќе мора да го продадат ова лето, а неговата цена се предвидува на некои 20 милиони евра.