Јувентус гази кон Скудето – Игуаин уште поголем херој на „Старата дама“

556

Јувентус вечерва оствари уште една победа на домашен терен, против екипата на Киево со 2:0, во натпревар од рамките на 31. коло во Серија А.

Алегри вечерва направи неколку играчки промени, сметајки дека некои играчи треба да ги одмори за претстојниот дуел против Барселона во ЛШ.

Јувентус до предност дојде во 23. минута, кога Дибала одлично го проигра Игуаин, кој без проблеми ја затресе мрежата на противникот.

Киево одигра храбар натпревар во Торино, но не успеа да постигне гол, па Јувентус подоцна го затвори натпреварот.

Стрелец на вториот гол беше повторно Игуаин, кој го постигна својот 21 гол во досегашниот тек од првенството.