Јувентус брзо се снајде: Екс-играчот на Реал е замената за Бонучи!?

7851

Пред два дена, Јувентус остана без најдобриот дефанзивец во тимот Леонардо Бонучи кој се пресели во Милан во еден од најшокантните трансфери во последните години.

Тоа отвори проблем во последната одбранбена линија, па раководството на клубот мораше брзо да реагира. Се шпекулираше со Сократис Папастатопулос од Борусија Дортмунд, потоа и Манолас од Рома, но на крајот испадна падна на поранешниот играч на Реал.

Станува збор за аргентинскиот репрезентативец Езекиел Гарај кој лани од Зенит се пресели во Валенсија, а Јувентус може да го добие за пристојна сума од 25 милиони евра. Тоа не им се допаѓа на навивачите на торинскиот клуб, тие го бараат Манолас, но изгледа дека нивниот глас нема да се слуша.

Конечната одлука треба да биде донесена наскоро бидејќи Јувентус го очекуваат подготовки за новата сезона.