Јотовски ја заврши работата, Македонија е во финале

416

Македонската Дејвис куп репрезентација обезбеди пласман во финалето од третата зона откако утринава ја оствари клучната победа против Молдавија.

Томислав Јотовски го доигра мечот против Андреј Кјумак и, очекувано, го доби со 6-3, 6-2, па со вкупно 2-0, нашата селекција го запечати пласманот на првото место во својата група. Останува само формално да се одигра мечот во двојки кој нема никакво резултатско значење.

За пласман во втората евроафриканска зона, нашата репрезентација ќе игра со Луксембург.

loading...