Ја „намирисаа“ шансата за одмазда: Барса го „краде“ бисерот на ПСЖ

1271

ПСЖ го украде Нејмар од Барселона (иако за тоа плати доста добро), а Каталонците ќе се обидат да се „одмаздат“ со кражба на 17-годишниот Јасин Адли.

Јасно е дека двајцата играчи се далеку од приближно исто ниво, но не е и дека Адли е било кој. За него одамна знаат скаутите на најголемите европски клубови, бидејќи на младиот играч за врска од академијата на ПСЖ му се предвидува блескава кариера.

Го споредуваат со Маруан Фелаини, но повеќе поради конституцијата и фризурата. Адли сепак е технички многу попоткован, а да не е така Барса не би го следела. За него е заинтересиран и Баерн кој одамна се поврзува со 17-годишниот фудбалер.

Во Париз се свесни за заканата, па на Адли и на неговиот менаџер Кија Јорабхјан веќе им е понуден професионален договор. Само, Јорабхјан е познат како агент кој сака да се ценка. Интересно, тој е менаџер и на Филипе Кутињо, а не е тајна дека Бразилецот е голема желба и на ПСЖ и на Барселона.