Јапонија има поголеми шанси од Англија да биде светски првак, Бразил е прв фаворит!

380

 

Една од најпознатите и најценети компании за обработка на спортски статистики и податоци, „ОПТА“, ги изнесе своите предвидувања колку која од 32-те репрезентации на престојниот Мундијал во Русија има шанси да ја освои титулата.

Оваа компанија, која е базирана во Лондон и ги одработува практично сите можни спортски податоци ширум светот, пред се фудбалските, тврди дека најголеми шанси да ја подигне „Златната божица“ има Бразил со 14,2 проценти, пред актуелниот шампион Германија која доби 11,4 проценти. Интересно, англиската компанија на репрезентацијата на Англија и дава само 1,9 проценти шанси да ја освои титулата, а од нив повеќе шанси има и една Јапонија со 2% шанси.

Најмалку шанси за освоујување на титулата му се даваат на Мароко (0,4%), а веднаш по нив следуваат Панама (0,7) и Тунис (0,8).