Јаневски: Сакаме да го поправиме впечатокот против Сосиедад, не се предаваме

167

По разочарувачкиот резултат против Реал Сосиедад на арената „Филип Втори“, сега Вардар гостува на незгодниот терен „Аноета“ каде во Шпанија знаат да паднат и многу поголеми екипи.

Во рамките на 4. коло, Вардар ќе гостува кај тимот кој во Скопје постигна 6 голови, но тренерот на Вардар, Чеде Јаневски тврди дека ова е важен натпревар за неговата екипа, која со настапите во Европа, собира драгоцено искуство за понатаму.

До крајот на групната фаза сакаме да го дадеме најдоброто од нас. Знаеме против кого играме, но верувам дека со добра организација, можеме да дојдеме до добар резултат. Сигурно дека нема да истрчаме и да подигнеме бело знаме во Шпанија, но како приоритет останува домашното првенство за нас. Решени сме да го поправиме лошиот впечаток против Реал Сосиедад од Скопје“, истакна Чеде Јаневски на вечерашната пресконференција пред утрешната средба.

Вардар се уште нема бодови во Европа, но сепак постигнаа првенец гол кој уште долго ќе го сеќаваат.