Јаневски: Зенит е фаворит, ние одиме на добар резултат!

300

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, тимот на Вардар, денеска го игра веројатно најважниот натпревар во својата клупска историја, меч кој со нетрпение го очекува и Македонија.

Во Скопје гостува Зенит во рамките на 1. коло од групната фаза во Лига Европа, а на вчерашната пресконференција, тренерот Чеде Јаневски потенцираше што очекува од пресметката со Зенит.

Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал. Затоа ние овие денови се подготвуваме да направиме добар резултат. На првиот натпревар играме со Зенит, тим за кој што после добивањето на групите, знаеме дека е фаворит. Се работи за добар колектив со добри индивидуални играчи кои имаат во своите редови многу домашни и интернационални играчи, пред се од Аргентина“.

Ги направивме сите анализи на последните два натпревари. Ние во една работна и одлична атмосфера се подготвуваме да се претставиме во добро светло пред многубројната публика и пред нашите навивачи „Комити“ кои што ќе дојдат во голем број. Да одигаме еден добар, квалитетен натпревар и по крајот на средбата сите задоволни да го напуштиме стадионот“, истакна Јаневски.

Зенит е добар тим, со многу индивидуални играчи. Вистина е дека на последните два меча не постигнаа гол, но тоа нас нема да не залаже. Сепак, нивните поединци можат да се разбудат што се вели на секој натпревар. Мораме да бидеме претпазливи од првата до 90-та минута. Нема да не залажат нивните два нерешени натпревари без голови, туку ние да ја играме нашата игра, и се надевам дека ќе ни донесе успешен резултат“.