Јакимовски повторно ќе игра во Серија Б, сега за Карпи

743

Македонскиот фудбалски интернационалец, Никола Јакимовски иако со својот тим Беневенто избори пласман во Серија А, немаше среќа да заигра во најсилната лига на Италија.

Јакимовски беше прекуброен па така клубот му се заблагодари за досегашната соработка и му посака многу среќа во понатамошната кариера.

Италијанските медиуми откриваат дека Јакимовски веќе му се приклучил на тимот на Карпи и се очекува во следните неколку дена да потпише за овој клуб.

За Јакимовски тимот на Карпи ќе биде петти клуб на Апенините, по Беневенто, Бари, Варезе и Комо.