Јагма за Македонецот: Нов руски гигант застана во редот за Јаховиќ

884

Повремениот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ е еден од најинтересните напаѓачи во источна Европа во моментов.

Се разбира, причината за тоа е неговата фантастична ефикасност, во моментов тој е втор стрелец во турското првенство со 12 гола во дресот на Гестепе. Одамна е познато дека за него се заинтересирани Бешикташ и Галатасарај како и неколку помали руски клубови.

Но, и последното име заслужува целосен респект. Станува збор за рускиот прволигаш Спартак Москва кој сака да го види Македонецот веќе во јануарскиот преоден рок. Турските медиуми тврдат дека Јаховиќ ќе си замине од Гестепе оваа зима, прашање е само каде ќе продолжи.