Ѕвездата на Челси им се понуди на „кралевите“: Се гледа ли првиот трансфер во Реал?

2211

Реал Мадрид ќе доживее играчка трансформација во летниот преоден рок, тоа е јасно, но уште не се знае кој ќе го засили “кралскиот клуб”.

Од една изјава може да се насети кој би бил еден од нив иако тоа не мора ништо да значи. Фудбалерот на Челси, Еден Азар отворено се понуди за трансфер на “Бернабе”.

„Јас ќе одлучам кога е дојден моментот да го напуштам Челси, но сите знаат дека го сакам Реал Мадрид. Сакам да ја завршам сезоната во Лондон така што засега не размислувам за трансфер”, изјави Азар.

Тој е член на Челси од 2012 година кога дојде од Лил и досега освои две +шампионски титули во Премиер лигата.