Ѓуровски и неговата жестока реакција на моментот кој можеше да го сврте натпреварот (Видео)

3378

Фудбалскиот клуб Партизан од Белград, сезонава успеа сензационално да дојде до двојна круна во Србија, што може да се констатира дека беше неочекувано, посебно ако се види евидентната поддршка и наклонетост на властите во Србија и премиерот Вучиќ кон Црвена Звезда.

Но Партизан по освоената титула во домашното првенство, денеска славеа и Куп титула против најголемиот ривал Црвена Звезда со минимални 1:0, со гол кој го постигна Миленковиќ вои 42. минута.

Но работите можеа да бидат поинакви за Црвена Звезда и тренерот Бошко Ѓуровски, доколку судијата Милорад Мажиќ во 4. минута досудеше на белата точка за „црвено-белите“.

На крајот, судијата не реши да покаже на белата точка, Партизан подоцна постигна гол, кој се покажа клучен за нова титула против фаворизираната Црвена Звезда.

loading...