Ѓукиќ по поразот од Германија: Шансата ќе ја бараме против Македонија и Словенија

828

Црна Гора претрпе убедлив пораз од актуелниот европски првак Германија со 32:19 во првиот натпревар од првото коло во Групата Ц на Европското првенство.

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ, му честиташе на европскиот првак и најави дека неговиот тим ќе ја бара шансата за победа на мечевите против Македонија и Словенија.

„Германците играа како што им доликува, какоевропски прваци. Одиграа перфектно, а голманите им беа на високо ниво. Ние игравме статично, предвидливо и триумфот на Германија е заслужен. Знаеме која селекција е фаворит во групата и ние шанса ќе бараме на наредните натпревари. Мислам дека против Македонија не можеме да одиграме полошо од ова. Верувам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари. Ќе видиме како ќе мине мечот на Македонија со Словенија, но знаеме дека за нас тој меч е најважен на турнирот“, изјави Ѓукиќ.