Ѓоковиќ се предаде, Федерер со Бердих во полуфинале

1581

Новак Ѓоковиќ до пред два часа имаше можност да се врати на врвот на АТП листат по елиминацијата на Енди Мареј, но надежите згаснаа откако тој не успеа да го доврши полуфиналниот дуел со Томас Бердих.

При водство на Чехот од 1:0 (7:6)  по сетови и 2:0 во гемови на стартот од вториот сет српскиот тенисер во консултација со лекарот одлучи да се повлече.

Болката во десната рака (поточно десното рамо и лакт) што ја чувствуваше Ѓоковиќ во четвртфиналната пресметка со Манарино изгледа не беше незначителна, бидејќи токму тоа е причината за денешното негово откажување.

Бердих во полуфиналето за противник ќе го има Роџер Федерер кој лесно по три сета со 6:4, 6:2 и 7:6 славеше над Хрватот Милош Раониќ со што стигна до својата 100-та победа на Третиот Грен слем. Швајцарецот ќе има можност да се бори за својата рекордна деветта титула на Вимблдон или вкупно 19-сета во својата кариера.