Ѓоковиќ повторно одушеви, овој пат во Австралија (Видео)

12117
MELBOURNE, AUSTRALIA - JANUARY 11: Novak Djokovic of Serbia is helped along by Australian wheelchair tennis player Dylan Alcott before playing with him during 'A Night with Novak' at Margaret Court Arena on January 11, 2017 in Melbourne, Australia. (Photo by Michael Dodge/Getty Images)

Наскоро во Мелбурн започнува првиот Грен слем сезоната, отварањето на Австралија Опен е на 16. јануари.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, деновиве во Мелбурн организираше хуманитарно случување на „Margaret Court Arena“, а целиот износ на парите кои ќе бидат инкасирани од оваа манифестација, ќе оди за фондацијата на Новак Ѓоковиќ, со која тој се грижи за повеќе деца од Србија.

На хуманитарната манифестација, присутен беше и австралискиот кошаркарски параолимпиец Дилан Мартин Алкот, кој одигра меч против Ѓоковиќ. А за оваа прилика, Ѓоковиќ седна во инвалидска колична и го воодушеви повторно светот.

Срцето ми е полно, среќен сум и весен откако го направивме ова. Им благодарам на сите кои беа дел од ова и донираа пари“, напиша српскиот тенисер на својот Инстаграм профил.