Ѓоковиќ невоспитан, иритантен, кловн, моралист, политичар, гение, лудак…

5279

Американскиот весник „New York Times“, во текст напишан од новинарот Брајан Филипс, со навредливи зборови е опишана тешката ситуација на Новак Ѓоковиќ, во која е западнат последните две сезони.

Филипс пишува за Ѓоковиќ и неговиот пад од првата позиција на АТП листата, и за случувањата негови на приватен и спортски план.

„Ѓоковиќ го следам повеќе од 10 години, но никогаш не сум го запознал. Тешко е да го прочитате, што е навистина чудно, затоа што малку тенисери изгледаат загрижено и депресивно како тој. Гледајки ги Федерер и Надал, јасно е мислењето за нив, споредено со Ѓоковиќ. Тој беше кловн, ги имитираше играчите за да ги засмее луѓето, беше иритантен, глумеше повреди, беше голем моралист, политичар, но и гение“, напишал новинарот Филипс во високо тиражниот весник.

Тој смета дека повлекувањето на Ѓоковиќ во 1/4 финалето на Вимблдон годинава поради повредата е контрадикторно.

Го нема нигде, секогаш е чудна жртва на нешто. Тој беше доминантен, редовно ги победуваше противниците, освои 4 Грен слема по ред, но потоа се тргна наопаку за него. Се тргна од поразот од Квери на Вимблдон, го загуби првото место, излезе на почетокот на ОИ, беше елиминиран на Ролан Гарос, изгледаше како луд, но сега на својата нервоза и додаде врста „див поглед“, како да е невоспитан“, стои во статијата на споменатиот новинар.