Ѓоковиќ на свој начин ја прокоментира провокацијата од Надал

2119

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека е подготвен целосно за натпреварот против Шпанија во Дејвис Купот, и дека малата повреда која ја имал претходно, и не била така опасна.

Се е добро, подготвен сум, немам болки и тоа е најважно. Многу врмее посветив на моето опоравување. Не очекува тежок меч, без оглед тоа што за Шпанија нема да игра Рафаел Надал“.

Ѓоковиќ меѓу останатото, ја прокоментира и изјавата на Надал од неодамна, кога Шпанецот истакна дека се сомнева во повредата која Ѓоковиќ ја најави.

Тоа е негова работа, не сме разговарале, така да веројатно не знаеше за каква повреда станува збор. Што се однесува до неговото ривалство против Федерер, тоа е секако едно од најголемите ривалства во историјата на овој спорт“, истакна Ѓоковиќ.