Ѓоковиќ им приреди уште еден шок за навивачите: Не играм на Вимблдон…

2598

Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ најави дека е можно да го пропушти Вимблдон ако не чувствува желба за настап.

Од ланскиот “Ролан Гарос”, тој има само една голема титула и тоа од Мастерсот во Торонто поради што падна на третата, а можно е да дојде и до четвртата позиција на АТП листата. По денешниот пораз во Париз од Доминик Тим, Ѓоковиќ рече дека сериозно размислува за блиската иднина.

“Размислувам за се, се обидувам да се чувствувам што е можно подобро, но имав многу промени. Ќе видиме, имам одговорност кон играта, тенисот… но ако јас лично не сакам да играм, нема да настапам на Вимблдон”, изјави Ѓоковиќ.

Сепак, во продолжение од прес-конференцијата по мечот со Тим, Србинот додаде дека Агаси останува негов тренер и за Вимблдон што значи дека веќе се кројат планови за настап во Лондон.

loading...