Ѓоковиќ ги загрижува фановите со најавата за подолга пауза

1231

Новак Ѓоковиќ поради болки во лактот, денеска мораше да го предаде четвртфиналниот меч против Томаш Бердих на Вимблдон.

Најдобриот српски тенисер по предадениот меч, за медиумите откри дека размислува за нешто подолга пауза и одмор, со цел да ги залечи повредите кои се уште ги чувствува.

Не е во прашање рамото како што некои медиуми пишуваа, туку лактот кој ме мачи веќе повеќе од една година. Се обидував да се доведам во добра ситуација за да играм добро овде, минав два ипол часа на моето столче, со цел дека ќе бидам подобар, но не успеав“.

Половина час играв со неподнослива болка, ова е ситуација која мора да ја прифатам. На секој спортист му е тешко кога ќе предаде меч, и по ова јасно е дека ќе мора да го менувам распоредот на турнирите. Се уште не знам дали ќе одам на операција. Од поодамна немам почувствувано ваква болка, што повеќе играм, тоа е полошо. Размислувам за подолга пауза“, истакна Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер имаше шанса со евентуален триумф на Вимблдон, да ја врати првата позиција на АТП листата, пред се поради елиминациите на Надал и Мареј.