Ѓоковиќ во константна војна со организаторите на Вимблдон

1543

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ цела недела води војна со организаторите на третиот Гренд слем во сезоната – Вимблдон.

Тој прво протестираше поради распоредот, вчера имаше вербална расправија со челниците на АТП, а денеска замери поради состојбата на тревникот на теренот број 1.

“Му реков на судијата дека среде теренот има дупка. Ме замоли да му ја покажам и кога ја виде, не беше задоволен. Морам да признаам дека терените овде годинава се многу лоши. Знам дека е тешко да се одржува тревата и дека овие луѓе работат деноноќно за се да биде во ред, но не е добро”, изјави Ѓоковиќ по денешната победа против Манарино.

Веројатно како последица на лошата состојба на терените дојде до тешки повреди кај неколку тенисер(к)и. Најлошо помина Бетани Матек Сандс која го скрши коленто во третото коло.