Ѓоковиќ веројатно даде најава за тоа дали ќе биде дел од Австралија Опен

658

Некогаш првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, се уште нема потврдено дали ќе настапува на првиот Грен слем турнир годинава, Австралија Опен.

Но тој денеска испрати јасна порака дека веројатно и сепак, ќе биде дел од големиот турнир кој се игра со години.

Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од тренингот на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн, а под фотографијата напиша „Подготвен сум“, што веројатно алудира дека ќе биде подготвен.

Шесткратниот освојувач на Австралија Опен, оваа сезона го откажа настапот на егзибиционистичкиот турнир во Абу Даби и турнирот во Доха, и буквално ги жртвуваше за да биде сигурно подготвен за првиот Грен слем тест.