„Ѓаоли“ ќе го спасуваат Напредок од Кичево

850

Кичевски Напредок, тим со богата историја кој низа години со успех настапуваше во Првата лига, а во 2004 година играше  и финале од Купот ги преживува најтешките моменти во историјата.

Играчите сами се организираат и покриваат патните трошкови, како и оние за службените лица. Помали локални фирми им дават симболично техничко спонзорство, но буквално клубот живее од ден, за ден, односно од меч за меч, во голема неизвесност.

Во спас и борба за подобар Напредок се вклучи и навивачката група „Ѓаоли“.

„Како навивачка група пред се како луѓе кои го сакаат спортот денес решивме да се собериме и да им дадеме подршка на фудбалерите на Напредок кои со срце без никаков придонес ги бранат боите на нашиот клуб Напредок и го претставуваат нашиот град. Тука сме за работите да тргнат од мртва точка да се најде некакво решение за понатамошно функционирање. Неможеме да ги критикуваме нашите фудбалери за резултатите до сега кога немаат минимални услови за работа и без никакви приходи.Во најбрз можен рок е потребно тренер на екипата и управа на клубот која ќе се бори за подобри услови. Како навивачка група „Ѓаоли“ стоиме на располагање за наши членови да бидат дел од управата на клубот и да помогнеме во секоја задача што ќе ни биде зададена. Ги замолуваме сите Кичевчани кои се во можност да помогнат финансиски додека не се формира нова управа и не се средат работите во нормала“, стои во повикот на „Ѓаоли“.

Сметка за донирање:
FK Napredok 1 Kicevo 200001273154286 Stopanska Banka
Одговорно лице: Злате Петрески