„Штрковите“ беа блиску да ја победат Игокеа, но повторно ја прокоцкаа шансата

284

На МЗТ Скопје вечерва му се случи нов пораз во АБА лигата, вкупно 11ти сезонава.

Иако имаа шанса на домашен терен да остварат победа, сепак на крајот Игокеа ја однесе победата.

Првата четвртина беше во полза на гостите (16:19), додека вториот дел беше егал (17:17), па со +3 гостите заминаа на полувреме (33:36).

МЗТ Скопје ја подобри својата игра во третата четвртина (19:17), па намали само на половина кош пред последните 10 минути.

Но токму кога требаше да притиснат на гаста, Игокеа повторно за нијанса беше подобра од „штрковите“ па добивајки го последниот период 16:24, ја однесе и победата (68:77).