Штрајк во Тиквеш: Ако нема плата, нема ни да играме

1039

Екипата наГФК Тиквеш која се натпреварува во Втората лига Исток се соочува со тешки моменти, предизвикани од финансиските проблеми.

Стручниот штаб, како и играчите донел одлука  да се прекине со редовните тренинзи од утре и додека не се исплатат заостанатите три плати да не се тренира.

Поставен е и ултиматум кој вели дека доколку ситуацијата не се среди до сабота и да не се патува на гостувањето во Валандово против екипата на Победа.

Играчите велат дека управа не постои и нема човек кој би дошол и би им објаснил кога ќе се реши ситуацијата во клубот, а исто така и навивачите и спортската јавност очекуваат отчет и оставка на управатa ,и реорганизирање на клубот .