Што се случува со Федерер, Мирка наметна нов имиџ?

1283

По двомесечна пауза Роџер Федерер денеска повторно ќе одигра официјален меч и тоа на турнирот во Штутгарт каде е прв носител, а на стартот за противник го има домашниот натпреварувач Томи Хаас.

Она што беше воочливо на синоќешниот тренинг на Швајцарецот е неговиот нов имиџ.

Новата фризура предизвика интересни реакции, бидејќи косата никогаш претходно не му била волку кратка. Федерер досега носеше подолга коса, а на почетокот од кариерата беше препознатлив и по опавчето кое сега се чини е дел од далечната историја. Новите посветли прамени предизвикаа и комични коментари на социјалните мрежи, па дел одат во насока на тоа дека косата му осветлела додека го гледал Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос.

Еден од најдобрите тенисери во историјата делува освежено, идентично како и неговата игра. Тој имаше фуриозен старт на сезоната освојувајќи го трофејот на Австралија Опен, а победи и на Турнирите во Индијан Велс и Мајами.

loading...