Штербик: Кога ќе ги погледнам Марсениќ и Абутовиќ – јасно ми е зошто ја напуштив Србија

2538

Европската титула со Шпанија и неверојатната приказна од авион на терен во последните два натпревари на ЕП, повторно  го направија Арпад Штербик да е актуелна тема во својата родна држава, Србија.

Голманот на нашиот Вардар во ново интервју за медиумите кај нашиот северен сосед истакна дека кога гледа како неговите клупски соиграчи и сонародници се враќаат после секој репрезентативен собир, ни малку не му е криво што во 2006 стави крај на играњето во дресот на Србија.

„Кога ќе ги видам Марсениќ и Абутовиќ по враќањето од репрезентацијата во Вардар, знам дека не згрешив што ја напуштив репрезентацијата на Србија. По два-три месеци не можеш да се опоравиш по плукањата, критиките, лошиот систем, тактика. Се наоѓаш во емотивен шок, а за неколку дена одиш на некоја Барселона во гости, па те напаѓаат што во клубот повеќе даваш, а не ја гледаат широката слика“, изјави Штербик и во продолжени продолжи со реалната критика:

„Не ми е јасно како СЕХА лигата ја примија сегде, освен во Србија. Клубовите од регионот играат на завршница од Лигата на шампионите, а каде се Звезда и Партизан? Постојано никнуваат нови таленти во регионот, само кај нас се гасат. Се враќа Марсениќ во Вардар по пет порази од шест меча на ЕП и се прашува дали е тој виновен  што сите во окружувањето играат ракомет, освен Србија, пред нас се Хрватска, Словенија, Македонија“, заклучи Арпад.