Шпанскиот напаѓач ја продолжува кариерата во Премиер лигата

2024

Планот на Фиорентина да го доведе Хесе Родригез во своите редови пропадна. Тоа се должи на неговите високи примања од 7 милиони евра годишно кои тие не можеа да ги одвојат.

Весникот “Ла Национе” објави дека Хесе ја избра Британија за своја следна дестинација и дека оваа сезона ќе настапува за Стоук.

Наводно веќе е постигнат договор помеѓу Стоук и ПСЖ, што значи дека за Марко Аранаутовиќ е пронајдена адекватна замена.

ПСЖ го купи Хесе од Реал за 25 милиони евра, но тој не се снајде баш најдобро и вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Лас Палмас.