Шпанија ќе се тресе: Екс-играчот на Барса пред трансфер во Реал?

5100

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез ќе се врати во Шпанија, но сега како член на Реал Мадрид, тврди порталот Дон Балон.

Со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот од сезоната, тој би можел уште во јануари да почне преговори за трансфер. Според порталот, тој бил интересен за Реал и ова лето, но Флорентино Перез ја отфрлил можноста да го донесе во своите редови. Во меѓувреме “кралевите” влегоа во напаѓачка криза, останаа без класичен шпиц и сега мора да бараат решение.

Трансферот во јануарскиот преоден рок е последна шанса за Арсенал да заработи нешто на својот фудбалери имајќи предвид дека идното лето тој би можел да си замине како слободен агент.