Шпанија со брутален тим патува на ЕП во Полска: Македонските фудбалски херои ќе имаат пеколна задача

1315

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација до 21 година го објави списокот на имиња кои ќе настапат на престојното Европско првенство во Полска каде во групната фаза ќе се соочи против Македонија и нашите фудбалски херои.

Македонија го дозна првиот список кога станува збор за противниците на нашите фудбалски херои на Европското првенство до 21 година во Полска. Тоа е списокот на Шпанија.

Ова е најтешкиот можен противник кој ќе го имаат нашите фудбалски надежи во Групата Б. Покрај Шпанците, тука се и актуелниот вицешампион Португалија и светскиот првак Србија.

Самиот поглед на имињата ни говори дека станува збор за пресериозен тим полн со играчи кои играат редовно на врвно ниво. Тука се Саул Нигез од Атлетико Мадрид, Асенсио од Реал Мадрид, Делофеу од Милан, Белерин од Арсенал, а интересно, во составот немаше место за Мунир Ел Хадади кој беше стандарден во квалификациите.

Македонија и Шпанија се соочуваат во првото коло на 17. јуни од 20:45 часот во Гдиња. Потоа нашите фудбалски херои играат против Србија на 20. јуни од 18:00 часот, а во последното коло против Португалија од 20:45 часот.

Списокот на Шпанија за ЕП до 21 година во Полска:

Голмани: Кепа Аризабалага (Атлетик Билбао), Пау Лопез (Тотенхем), Рубен Бланко (Селта).

Одбрана: Џони (Селта), Јерај (Атлетик Билбао), Грималдо (Бенфика), Мере (Спортинг Хихон), Одриозола (Реал Сосиедад), Ваљехо (Ајнтрахт), Гаја (Валенсија), Белерин (Арсенал).

Среден ред: Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад), Маркос Љоренте (Алавес), Саул Нигез (Атлетико), Карлос Солер (Валенсија), Дани Себаљос (Бетис), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Жерар Делофеу (Милан).

Напад: Ињаки Вилијамс (Атлетик Билбао), Сандро Рамирез (Малага), Борха Мајорал (Волфсбург).