Шок на Џиро Д Италиа: Мислеа дека ќе го смени дресот, но му се случи најбизарна ситуација (видео)

2486

Неверојатна и несекојдневна снимка од тркањето во познатото велосипедистичко првенство Џиро Д Италиа.

Лидерот на 222 километарската трка на Џиро Д Италија, помеѓу гратчињата Ровета и Бормио, Холандскиот тркач Том Думолин, имаше стомачен вирус во доста незгоден момент, токму кога беше водечки на патеката, па мораше да застане.

Камерите јасно регистрираа како тој во очајна ситуација, мораше да застане и да се олесни на сред трката, нешто што ќе беше прилично комично доколку на тоа место имаше голем број на фанови кои го следат ова тркачко натпреварување.