ШОК за Надал: Шпанецот со пораз во првото коло на турнирот во Лондон

234

Моментално тенисерот број еден на АТП листата, Рафаел Надал беше непријатно изненаден во првото коло од завршниот турнир во Лондон.

Шпанецот е поразен од белгискиот тенисер Давид Гофан со 1-2 во сетови (6-7, 7-6 И 4-6). Публиката во Лондон виде доста интересен меч, а првите два сета на мечот беа решавани во тај-брек. На крај, во решавачкиот трет сет, Белгискиот тенисер кој беше тотален аутсајдер го порази Надал и му приреди вистински шок.

Претходно, во првиот меч од оваа група Бугаринот Григор Димитров го совлада Доминик Тием со 2-1 во сетови.