Шок за навивачите: Кањељас си заминал од Вардар и игра во Германија!? (ФОТО)

3547

Познатиот ирски ракометен новинар Том О’Браниган ја изненади јавноста во Македонија откако на својот профил на Твитер објави информација дека играчот на Вардар, Жоан Кањељас се преселил во Германија, поточно во тимот на Хановер.

Со оглед на бројните информации за заминувања од редовите на “црвено-црните” последната недела, многумина се исплашија дека и ова е вистина, но всушност, е шега од О’Браниган. Сепак, се работи само за грешка која тој ја забележал и направил шега од неа.

Имено, во извештајот од натпреварот меѓу Лудвигсхафен и Хановер на ракометниот портал хандбалл-њорлд, авторот го погрешил името на тренерот на гостинскиот тим. Место Антонио Карлос Ортега, тој напишал Жоан Кањељас и со тоа ги збунил читателите.