Шок за Мото спортот – почина екс шампион во Мото ГП класата

3199

Американскиот мотоциклист Ники Хејден, почина од последица на сообраќајната несреќа која му се случи пред некој ден во италијанскиот град Римини.

Хајдерн се удри со автомобил додека возеше на велосипед, по што се здоби со тешки повреди на главата и градниот кош. По операцијата докторите одлучија 35 годишниот Американец да го остават во индуцирана кома, а четири дена потоа, тој почина од последица на тешките повреди на кои им подлегна.

Болницата во Чезена соопшти дека Хејден е починат, само неколку дена по сударот кој ја потресе Италија, па и Европа.

Хајден го освои Мото ГП шампионатот далечната 2006 година, а претходните неколку години се натпреварувапе во Супербајк шампионатот.