Шок во Украина: Изрешетан автомобилот на фудбалер на Динамо Киев

343

Автомобилот на фудбалерот на Динамо Киев, Денис Гармаш претрпе голема штета откако на него синоќа се испалени неколку куршуми.

Инцидентот доаѓа на два дена пред натпреварот на Динамо против Партизан во последното коло од групната фаза на Лигата Европа. “Поршето” на Гармаш е изрешетано на паркингот пред куќата каде што живее тој, но за среќа, во него немало никого.

Засега не се познати причините за таквиот инцидент, а полицијата информира дека таквиот акт се смета за хулигански.