Шок во САД: Олимписки шампион пронајден мртов!

1009

Возачот на златниот американски боб четворосед од Зимските олимписки игри во Ванкувер пред седум години, Стивен Холкомб е пронајден мртов во својата соба во Лејк Плесид, соопшти Американскиот олимписки комитет.

Холкомб се наоѓал на подготовки во овој зимски центар, а засега не се знаат детали за неговата смрт. Возачот на златниот олимписки боб еднаш веќе се обиде да направи самоубиство откако поради дегенеративна болест му се закануваше целосно слепило, но во 2008 година имаше успешна операција и се чинеше дека се ќе биде во ред со него.

Во Ванкувер, тој и неговиот тим стигнаа до изненадувачко злато, прво за САД во четворосед уште од 1948 година.