Шокантно: Со пиштоли на Хамилтон и другарите од Мерцедес во Бразил

494

Членови од шампионите Мерцедес во Формула 1, доживеале шокантно искуство пред ГН на Бразил овој викенд.

Според пишувањата на британскиот BBC, Луис Хамилтон открил дека дел од неговиот тим во Мерцедес бил ограбен во Бразил, а напаѓачите наводно им впериле и пиштоли во глава.

Британецот тоа го открива на Твитер и тврди дека дури биле испукани неколку куршуми од пиштол, а еден член на Мерцедес, дури бил под закана и за убиство од напаѓачлите.

BBC тврди дека грабежот се случил недалеку од патеката Интерлагос, додека момците на Мерцедес се враќале од подготвките за неделната трка.

Вакви работи се случуваат секоја година. Ф1 треба да стори многу повеќе, доста беа извинувања“, истакна новиот шампион во Ф1.