Шокантни најави за радикални промени во фудбалот: Натпреварите ќе траат 60 минути!?

2297

Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации е тело кое ги одредува фудбалските правила, а сега имаат нова идеја.

Правилата на фудбалската игра се менуваат постојано. Речиси секоја година се појавува по некоја ситна промена, а од самиот почеток на фудбалот, па до денес се имаат случено само неколку позначајни и поголеми промени.

А нови такви тектонски промени би можело да има наскоро. Имено, ИФАБ, односно Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации, тело кое се нарекува чувари на законите на играта и во кое членуваат Фудбалската Асоцијација на Англија, Шкотската фудбалска асоцијација, Фудбалската асоцијација на Велс, Северно ирската фудбалска асоцијација и ФИФА, поднесе иницијатива за промена на неколку правила во фудбалот, а тие промени би можеле да бидат огромни и голем шок за гледачите, но и учесниците.

Дали тоа ќе биде позитивен или негативен шок, останува да се види.

Сето ова се прави со цел да се зголеми фер-плејот, а на основа на жалбите кои во овој одбор ги добиваа во претходните години од страна на фудбалските клубови, фудбалерите, тренерите…

Можеби и најрадикалната промена би можела да биде намалувањето на текот на натпреварот од 90 на 60 минути. Втората е по корнерите и слободните удари играчот кој го изведува прекинот да може повторно да игра со топката.

Има уште многу предлози, како што е тоа дека судијата ќе може да свири крај на натпреварот или на полувремето само кога топката ќе биде надвор од теренот, односно кога има прекин, се со цел да не се прекинуваат нападите на тимовите.

„Ова е радикален документ. Правиме револуција, сакаме фудбалот да биде уште подобар“, изјави Давид Елернај, техничкиот директор на ИФАБ.

Инаку, ИФАБ е најзначајното тело кога станува збор за зачувување и менување на фудбалските правила, поради што, без нивни амин, ФИФА и УЕФА не смеат да прават поголеми проблеми на главните и суштинските правила на играта.