Шкупи не се шегува: Најдобриот стрелец во историјата на Македонија слета на Чаир

731

На еден месец пред продолжението на македонското фудбалско првенство, екипата на Шкупи е најактивна на трансфер-пазарот.

По Благоја Љамчевски, Рон Броја и Стефан Вујчиќ, од денеска нов член на чаирчани е најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига, Баже Илијоски кој досега постигна 130 гола, а оваа бројка ќе се обиде да ја подобри со тимот на Шкупи.

Илијоски треба да биде големо засилување за некогашниот шампион на Македонија ако се има предвид неговото искуство. Со Работнички освои три титули, а има и пет трофеи во Купот од кои три со Работнички и по еден со Металург и Пелистер.