Шкендија го дозна името на противникот во следната рунда од ЛЕ

1238

Еден од македонските претставници во Европа ова лето, екипата на Шкендија, која е веќе патник во третото квалификациско коло за Лига Европа, веќе го знае својот следен противник.

Тетовчани во третото коло во квалификациите за ЛЕ, ќе се соочат против финската екипа Хелсинки, која во минатото играше против „Романтичарите“ и ги елиминираа.

Првиот меч на Шкендија со Хелсинки ќе се одигра идниот четврток, а тетовската екипа прво игра на домашен терен, каде ќе се обиде да се избори за позитивен резултат.