Шкендија го враќа во ПМФЛ играчот кој го напушти Шкупи и се пресели во Романија

855

Фудбалерот Мевлан Адили кој во минатото настапуваше за екипата на Шкупи, а моментално е играч на романската екипа УТА Арад, е пред враќање повторно во Македонија.

Како што тврдат одредени медиуми, фудбалерот бил во контакт со тетовската екипа, и по само неколку месеци во Романија, тој може повторно да се врати во македонското првенство.

Тој со романскиот претставник се натпреварува во тамошната втора лига и има договор до јуни 2019 година, но во неговиот договор постоела клаузула во која пишувало дека доколи Адили си најде подобар клуб со подобра понуда, може да за мине.

Квалитетите на Мевлан Адили најдобро ги знае тренерот на Шкендија Ќатип Османи, кој сака по секоја цена да го врати во Македонија.