Ширер со право прогнозира дека Руни не успеа да го симне од тронот, но има друга опасност во Јунајтед

3466

Прославениот англиски фудбалер Алан Ширер, кој во статистичките параметри во Премиерлигата е неприкосновен на врвот по постигнати голови, вкупно 260, е апсолутно недопирлив за сегашни услови.

Но екс играчот на Блекбурн и Њукасл смета дека во Премиер лигата сепак има двајца играчи, кои со тек на време, може да му се приближат до бројот на постигнати голови.

Во минатото за Ширер отворена закана беше младиот и талентиран Вејн Руни, кој сега е второпласиран на табелата со нешто под 200 голови, но сепак тој е далеку од рекордот на Ширер, а сериозно закана остануваат Хари Кејн од Тотенхем и Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.

Не би исклучен ни еден од двајцата играчи да го срушат мојот рекорд на постигнати голови. Лукаку и Хари Кејн се добри напаѓачи. На исти години како мене, Лукаку има 9 голови повеќе, но тој има одиграно 70 натпревари повеќе“.

Но во клуб како Манчестер Јунајтед сигурно дека ќе има шанса да ме сруши. Тој има неверојатен старт на кариерата на „Олд Трафорд“. Тој на Јунајтед му дава тоа што им требаше со години, врвен напаѓачки карактер на натпреварите“, смета Ширер.